close
Премиера
 
40062_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Џорџ Мартин потпиша ексклузивен договор со „HBO“

Џорџ Р. Р. Мартин би можел да лансира нова „HBO“ серија покрај веќе ултра популарната „Игра на тронови“.

Мартин, врз чиј серијал книги се базира серијата „Игра на тронови“, потпиша двегодишен договор со „HBO“. Според одредбите од договорот, Мартин продолжува да биде ко-извршен продуцент на серијата која ќе има премиера на третата сезона на 31-ви март.

Освен тоа, тој ќе работи на создавање на нови серии за кабелската мрежа. Интересно дека Џорџ Мартин напиша и неколку епизоди од серијата, а работел и на „Зона на самракот“ и „Убавицата и ѕверот“.

Инаку, серијата „Игра на тронови“ мошне брзо се етаблира како најдоброто од најдобрите ТВ производи на „HBO“ со оглед на одличната критика и реакцијата на гледачите. Секоја епизода од втората сезона на серијата ја гледале во просек 10.4 милиони гледачи.

07-02-2013 | Извор: Deadline Hollywood
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ