close
Премиера
 
42234_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Џорџ Мартин зборува за најновите два дела од „Песна за мразот и огнот“

Освен за двете нови книги од серијалот „Песна за мразот и огнот“ кои ги пишува во моментов, Џорџ Мартин зборува за хронологијата на франшизата, другите проекти на „HBO“ и на кој начин би можела да заврши серијата.

Фановите стравуваат дека дејствието во серијата ќе заврши пред да бидат завршени новите книги на Мартин. Дури, се зборуваше дека продуцентите Бениоф и Ден Вајс би можеле да ја завршат серијата пред да излезе седмата и последна книга од серијалот. Сепак, Мартин вели дека тоа нема да биде случај.

За „ The Hollywood Reporter“, тој изјави: „Мојот план е прво да заврши книгата, а потоа серијата. Точно е дека серијата се развива побрзо од книгата, но не верувам дека ќе заврши пред да излезе од печат последниот дел од серијалот книги. Тоа ќе даде материјал за уште две сезони. Додека ја пишувам последната книга, тие ќе го снимаат тој материјал.“

Поминаа точно пет години помеѓу четвртата и петтата книга од серијалот чија прва книга излезе од печат во 1996 година.

Мартин вели: „Постојат и други серии на HBO каде поминува многу време од една до друга сезона. На пример, Сопранови имаа пауза од две години пред да заврши серијата. Се надевам дека серијата ќе заврши, со оглед дека книгата сигурно ќе има крај.“

Со оглед дека неодамна потпиша двегодишен договор за соработка со „HBO“, тој посакува некој да направи денот да трае 48 часа, а самиот тој кој има 64 години, да поседува енергија на 30 годишен човек.

Што се однесува до претпродолжението на „Песна за мразот и огнот“ кое е насловено како „Tales of Dunk and Egg“, тој вели дека овој проект се базира на други негови романи, кратки приказни и тв проекти кои никогаш не се реализирале.

04-04-2013 | Извор: The Hollywood Reporter
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ