
Извор:
Europress / Getty Images
Џозеф Гат како Стир во „Игра на тронови“
Актерот Џозеф Гат, познат по учеството во „Банши“ и „Star Trek Into Darkness“, доби улога во четвртата сезона на „Игра на тронови“.
Оваа информација беше објавена на официјалната Фејсбук страница на актерот, каде беше откриено дека Гат штотуку се вратил од снимањето на Исланд.
Изгледот на Гат одлично се вклопува во описот на ликот на Стир во книгата. Тој е висок, со импресивен изглед и целосно ќелав (единствената разлика е што Стир нема уши).
Многу од фановите шпекулираа и претходно дека актерот Гат одлично се вклопува во изгледот на Стир како лидер на Дивјаците.
Премиерата на новата сезона на серијата „Игра на тронови“ е најавена за следната пролет.
13-08-2013
| Извор:
Winter is coming.net