close
Премиера
 
40300_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Џејсон Момоа во филмот „The Guardians Of The Galaxy“?

Крис Прат ќе го игра „Star-Lord“ во претстојниот филм „Guardians of the Galaxy“ на Џејмс Ган. Сепак, има уште многу работа за да се заокружи актерскиот тим пред да се вклучат камерите.

„Marvel Studios“ сè уште треба да најде актери кои ќе настапат во улогите на Дракс, Гамора, Рокит Ракун и Грут. Во опција се многу актери, а според најновите информации „Марвел“ веќе го пронашол вториот член на екипата.

Станува збор за Џејсон Момоа кој би трбало да се појави во улогата на Дракс. Иако ништо не е сигурно, сепак преговорите се во тек. Момоа, кој е најпознат по своите тв улоги, особено онаа на Кал Дрого во „Игра на тронови, ретко го гледаме на филмското платно. Во 2011 година настапи во „Конан варваринот“, како и во „Bullet To The Head“ на Волтер Хил.

Што се однесува до ликот на Дракс, тој некогаш бил човек - Артур Даглас кој бил убиен заедно со неговото семејство од страна на Танос. Кога Кронос ќе сфати дека му треба воин за да се бори против Лудиот Титан (сојузник на Танос), ќе го врати неговиот дух помеѓу живите и ќе му даде моќно вонземско тело.

20-02-2013 | Извор: CinemaBlend
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ