close
Премиера
 
42762_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Ќе се снима трета сезона на „Потпретседателка“

Во 2014 година нè чекаат нови десет продолженија на хумористичната серија „Потпретседателка“.

Креатор на оваа комична серија од оригиналната продукција на „HBO“ која на мошне прониклив и сатиричен начин го набљудува политичкиот свет на Вашингтон е Арамандо Јанучи. Главната улога ја има Џулија Луис-Драјфус која воодушевува во улогата на Потпретседателката Селина Мејер. Токму за оваа улога, Драјфус, минатата година освои „Еми“.

Останати членови на актерската екипа се Тони Хејл како Гери, десна рака на Селина, Ана Кламски како Ејми, шефица на персоналот, потоа Мајк Меклинток (Мет Волш) во улогата на портпарол за печат, Џона (Тим Симонс) која е врската со Белата Куќа, секретарката Су (Су Бредшоу), амбизиозниот асистент Ден (Рид Скот) и шефот на персоналот на Белата Куќа, Бен (Кевин Дан).

Актуелната, втора сезона на серијата „Потпретседателка“ може да ја следите секој петок на „HBO“ во 20:35. Серијата е достапна и преку услугата „HBO OD“.

02-05-2013 | Извор: HBO Watch
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ