
Ќе се снима и четврта сезона на „Игра на тронови“
Серијата која се базира на серијалот книги на Џорџ Р. Р. Мартин и претставува епска приказна за предавства и благородништво кое живее во Вестерос. Таму, летата и зимите може да траат со векови, а желбата за моќ е безгранична. Серијата има освоено и „Еми“ и „Златен глобус“, а премиерата на третата сезона започна овој понеделник.
Што се однесува до критиката за третата сезона, „Тhe Hollywood Reporter“ ја нарече „извонредна и серија која создава зависност“, додека „Newsday“ ја опиша како „врвна“ и даде оценка 5+. „Chicago Tribune“ ја смета за „фасцинатна“, а „Washington Post“ воопшто не штедеше на комплименти и ја смести серијата во групата на ремек-дела.
Во меѓувреме, беа објавени и податоците за гледаност. Премиерата на третата сезона имаше 4.4 милиони гледачи (без „HBOGо“ претплатници, број на членови по домаќинство и без гледаност на репризата) што е за 4% повеќе од последната епизода од втората сезона и дури 13% повеќе од премиерата на втората сезона.
Извршни продуценти на серијата се Дејвид Бениоф, Ден Вајс, Керолин Страус, Френк Долгер и Бернадет Колфилд. Како ко-извршни продуценти се јавуваат Џорџ Р. Р. Мартин и Ванеса Тејлор.