close
Премиера
 
39952_-_254
Извор: Europress / AFP

Ќе се снима втора сезона на серијата „Банши“

Иако од серијата „Банши“ е помината само половина од првата сезона, „Cinemax“ веќе реши дека ќе има и втора сезона.

Оваа акциона серија е креирана од страна на писателите Џонатан Трупер и Дејвид Шејклер. Извршен продуцент е Алан Бол („Вистинска крв“ и „Два метри под земја“). Очигледно е дека „Банши“ има сериозен успех и затоа е донесена одлука да се снима втората сезона.

Во серијата „Банши“ настапуваат Ентони Стар како Лукас Худ, поранешен затвореник и крадец кој го зема идентитетот на шерифот на Банши додека во исто време е гонет од страна на група гангстери кои сакаат да му се осветат поради предавство. Во првата сезона може да ги видиме и Ивана Миличевиќ, Улрих Томсен („The Celebration“), Френки Фејзон („Жица“), Хун Ли („Premium Rush“), Рас Блеквел, Мет Сервито, Деметриус Грос, Триесте Кели Дан („Cold Weather“), Рајан Шејн, Даниел Рос Овенс, Лили Симонс („Fat Kid Rules the World“) и Бен Крос („Ѕвездени патеки“).

Втората сезона на „Банши“ ќе се емитува во текот на 2014 година, а како сценаристи ќе се појават Џон Романо („Монк“), Еван Дански („Два и пол мажи“) и Даг Јунг („Big Love“) кои ќе им се приклучат на Трупер и Шејклер.

31-01-2013 | Извор: E! Online
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ