За серијата
Џеј има возрасни деца, внуци и прекрасна млада жена која и самата има малолетен син; сите заедно мораат да ги премостат генерациските, културните и општествените разлики.
Денешните американски семејства доаѓаат во разни форми и големини. Просечното семејство од маж + жена + 2,5 деца е минато, нешто што веднаш станува очигледно во новата получасовна комедија СОВРЕМЕНО СЕМЕЈСТВО, која дава еден искрен, а честопати и смешен поглед врз составот и комплексноста на семејниот живот во 2011.
Земете ги за пример Фил и Клер, двајца родители кои сакаат да имаат отворена, здрава, искрена врска со своите три деца. Тоа не е секогаш лесно, особено кога имате ќерка тинејџерка која расте малку пребрзо, премногу паметна средна ќерка и бучно момче. На врв на сето тоа, Фил сака да биде „кул татко“, додека Клер само се обидува да држи сѐ под конец, решена да не дозволи нејзините деца да го имаат бунтовното детство кое таа го имала.
Потоа тука е Џеј, вистински маж кој има средовечна криза. Џеј има најдено многу помлада жена, Глорија која станува центар на неговиот свет. Таа е страсна и смела разведена жена која доаѓа со 11 годишен син, Мени. Мени е безнадежен романтичар и страстен исто колку и мајка му. На неговиот нов очув не му е до сентиментални разнежнувања, па сака малку да го зацврсти Мени. Но, тоа е само еден од предизвиците на Џеј. Најголемиот е во тоа што луѓето често мислат дека тој е татко на Глорија, а не нејзин маж.
На крајот, тука е Мичел и неговиот петгодишен партнер, Камерон. Тие тукушто го имаат преземено неверојатниот „следен чекор“, заедно посвојувајќи дете од Виетнам. Камерон има прекрасна и голема личност, а можеби и малку драматизира, додека Мичел е посериозниот од двајцата. Но, тие создаваат меѓусебна рамнотежа и веќе се грижливи татковци.
Се чини дека животот не е ниту уреден, ниту политички коректен или предвидлив на било кој начин. За овие три семејства излегува дека не се три туку едно... едно големо, измешано семејство, со патријархот Џеј и Клер и Мичел неговите пораснати деца. Сепак ваквите изненадувања ги прават работите многу интересни...