Втора сезона на ценетата хумористична серија за Ејми Џелико (Лора Дерн, добитничка на „Златен глобус“) и нејзината идеалистичка визија за трансформирање на својата компанија и светот.Оваа комедија на „Ејч-Би-О“ е создадена од Мајк Вајт и Лора Дерн, а во неа се работи за Ејми Џелико (Дерн), која е добронамерна жена, вработена во една корпорација во Јужна Калифорнија. Таа ги губи нервите и оди на рехабилитација, а оттаму се враќа со единствена, напати и урнебесно изгубена мисија, да ја направи поодговорна својата компанија. Кога ја видовме последниот пат, Ејми го претставува своето истражување за токсичните гревови на „Абадон Индустрис“, а откако со смеа ја испраќаат од собата, таа станува уште порешителна да ја разоткрие компанијата не само како загадувач туку и како бастион на корпоративната алчност и корупција. Ејми го убедува својот колега Тајлер (Вајт) да ѝ дозволи да ја користи неговата лозинка за да добие инкриминирачка е-пошта. Втората сезона продолжува откако Ејми собира докази против „Абадон“. Во осумте епизоди на оваа сезона, Ејми добива помош од новинарот Џеф Флендер (Дермот Малруни) и додека тие работат заедно таа почнува да сонува за „поголем“ живот и развива романтични мисли за згодниот и нашетан новинар.
Во меѓувреме, поранешното момче на Ејми, Леви (Лук Вилсон), сè уште е во центарот за третман во Хаваи, но останува да видиме дали тој ќе успее да закрепне и да се врати таков како што таа отсекогаш сакала да биде. Емотивна, искрена и смешна, втората сезона на „Просветлени“ ја прикажува Ејми во нејзината лична потрага по промени, како и неочекуваното влијание што тие го имаат на луѓето околу неа.