Корисник (1)
3 /
5
Во оваа драмска серија играат Дастин Хофман, Ник Нолти и Денис Фарина и таа ни прикажува еден провокативен поглед во светот на коњските трки и коцкањето, раскажан од страна на сопствениците, коцкарите, џокеите и другите живописни ликови.
Оваа драма на Ејч-Би-Оу се фокусира на еден интуитивен цврст тип по име Честер „Ејс“ Бернстајн (Дастин Хофман) кој отсекогаш се занимавал со коцкање, од примање влогови и перење пари до работа со казина. Откако неодамна излегува од затвор по три години, тој се здружува со Гас Иконому (Денис Фарина), неговиот долгогодишен шофер и помошник, за да создадат сложен план во кој е вклучена тркачката патека „Санта Ана“ во Калифорнија. Додека ја разработуваат стратегијата на Ејс, тие двајцата го регрутираат и Туро Ескаланте (Џон Ортиз) кој е успешен тренер со нечист углед. Во меѓувреме, еден стар тренер (Ник Нолти) одгледува сорта која можеби е револуционерна, додека четворица коцкари се здружуваат во обид да сторат нешто неверојатно и да добијат, обложувајќи се на шест погодени трки.
Епизода 4:
Додека Чан го предизвикува Џери до крајни граници во една приватна покер партија, другарите на Џери се обидуваат да го одвлечат подалеку од неговиот коцкарски противник. Ејс се среќава со Клер Шеј, активистка која се обидува да рехабилитира затвореници преку нивната работа со повредени тркачки коњи. Потоа тој го посетува својот поранешен партнер, Мајкл Смит за да дискутираат за неговото учество во инвестицијата која Ејс ја прави на тркачките патеки. Кога Рони го губи компасот и се предава на старите пороци, Волтер се помирува со тоа Рози да му биде џокеј, но нејзината еуфорија се намалува поради состојбата на Леон.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот