Винс, Ерик, Драма и Желка минуваат низ многу работи преку годините, бркајќи ги своите сништа, бркајќи жени и добра забава како таа никогаш да нема да заврши. Но, дали е време да пораснат? Врзете ги ремените за последната сезона од „Свита“!Ејч-Би-Оу ви ги претставува последните осум епизоди од „Свита“, хит хумористичната серија одликувана со награда Еми, во која се работи за згодната холивудска ѕвезда Винс Чејс и неговата свита од родниот град: менаџерот Ерик, полубратот Драма и пријателот Желка.
Кога последен пат ги видовме, Винс беше пропаднат поради неуспешниот обид на момците да интервенираат поради неговото претерано пиење и не баш ретко користење дрога. Сега, Винс се враќа од рехабилитација и е подготвен за нов проект, додека другите од неговата екипа се справуваат со сопствените лични и професионални предизвици.
На почетокот на сезоната, супер-агентот Ари Голд и г-ѓа Ари неодамна се разведеле. Ерик раскинал со Слоун по еден предбрачен дебакл, а тој води компанија за менаџмент со Скот Лавин. Драма ја снима неговата анимирана серија, „Бананите на Џони“ со Ендру Дајс Клеј, а Желка е посветен на текила-линијата „Авион“ и почнува нова деловна авантура. Има уште многу перипетии за момците од Квинс, но дали до крајот на серијата ќе го доживеат успехот за кој отсекогаш сонувале? Овие и други прашања ќе бидат одговорени во осмата и последна сезона од „Свита“!
Се емитува
Прикажи ги сите
01-06-2012 20:00
01-06-2012 23:50
05-06-2012 00:35
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!