Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Три жени во различни фази од своите животи - 20, 30, 40 - се соочуваат со тешкотиите на животот како жени во оваа романтична комедија номинирана за наградата „Златна мечка“.Од сценаристката, режисерка и ѕвезда, Силвија Ченг, „20:30:40“ е хумористичен и емотивен поглед на женската љубов, живот и сништа. Комедијата се одвива во денешно време, во раздвижениот Тајпеј, Тајван. „20:30:40“ ги преплетува приказните на три жени и комплексните емотивни избори со кои се соочуваат. Невината и наивна Ксиао Јие (Анџелика Ли) бега од своите напорни родители за да го следи својот сон да стане поп музичарка. Стјуардесата Ксианг Ксианг (Рене Лиу), 30 годишна, е во бурна врска со женет човек и живее живот помешан со конфликти и страст. Лилу Зао (Чанг), 40 годишна разведена жена, храбро се соочува со нов живот како сама жена. Сите три откриваат нешто низ драмата на нивните врски и дознаваат дека иднината не е она што си го замислиле.
Се емитува
Прикажи ги сите
22-05-2012 03:55
22-05-2012 22:30
30-05-2012 20:30
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!