Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Класичната драма на Шекспир, „Скротувањето на фуријата“ поставена во едно модерно средно училиште. Популарната Бјанка Страфорд има дилема. Семејното правило ѝ забранува да излегува сè дури нејзината постара сестра не си најде додворувач.Запознајте ги сестрите Стратфорд: убавата и популарна Бјанка (Лариса Олејник) која никогаш не била на состанок; и Кет (Џулија Стајлс), постарата сестра која е строга жена со лош темперамент, а нејзината остроумност е еднакво голема колку и нејзината решителност да го отуѓи секој маж кој е барем малку заинтересиран за неа. За жал, строгите правила во семејството Стратфорд ѝ забрануваат на Бјанка да има момче сè додека нејзината одбивна сестра не најде момче за себе. Ова е ситуација која изгледа мошне неверојатно со оглед на тоа што Кет е катастрофа за односи со луѓето. Очајот за романса кој го има Бјанка се претвора во потрага по машки пандан на Кет – момче чие реноме е толку злогласно што Кет би можела да го смета за предизвик и за достоен за нејзиниот скриен шарм. Настанува хаос кога Патрик Верона (Хит Леџер), намќорест млад маж со мистериозно минато, е поткупен од страна на потенцијалното момче на Бјанка (Ендру Киган) за да ја заведе и освои Кет и да го расчисти патот за Бјанка да може да почне да излегува со момчиња во урнебесната комедија „10 работи што ги мразам кај тебе“.
Се емитува
Прикажи ги сите
27-05-2012 07:25
09-06-2012 13:10
09-06-2012 18:20
18-06-2012 11:15
28-06-2012 15:50
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!