Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Три најдобри актерки –Мерил Стрип, Џулиен Мур и Никол Кидман – играат три жени од различни ери, а ги поврзуваат нивните заеднички желби и стравови!
Вирџинија Вулф (Кидман), во лондонските предградија во 1920-те се бори со лудилото кога почнува да го пишува својот прв голем роман, „Г-ѓа Даловеј“. Лора Браун (Мур) е сопруга и мајка во Лос Анџелес по Втората светска војна. Таа го чита „Г-ѓа Даловеј“ и доживува такво откровение што почнува да размислува за тоа драстично да го промени својот живот. Клариса Вон (Стрип) е денешна верзија на г-ѓа Даловеј на Вулф. Таа живее во Њујорк и е вљубена во пријател (Ед Херис) кој умира од СИДА.
Се емитува
26-05-2012 09:10
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!