Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Топла хумористична драма за чудното пријателство помеѓу еден неуспешен писател и една средношколка од Лонг Ајленд, која го учи што навистина значи да се преземе одговорност во животот.„Хартиен човек“ е инспиративна хумористична драма за чудното пријателство помеѓу Ричард (Џеф Даниелс), неуспешен средовечен писател кој никогаш не пораснал, и Аби (Ема Стоун), 17-годишна девојка чија улога во една семејна трагедија пред повеќе години, ја украла нејзината младост. И двајцата се несигурни, и двајцата се плашат да исчекорат напред, а и двајцата го бараат посебниот пријател кој ќе им помогне да се насочат кон иднината. Уште од детството, Ричард најмногу се потпира врз имагинарниот човек кој живее во неговата глава - маскираниот супер херој познат како Капетан Екселент (Рајан Рејнолдс).
Поттикнат од својата сопруга, Клер (Лиса Кудроу), Ричард се сели во една крајбрежна заедница на Лонг Ајленд во зимската сезона, за да ја преброди својата креативна блокада. Таму, Ричард се среќава со Аби и ја најмува како бејбиситерка, иако тој нема деца. Нивното лабилно, ново пријателство започнува со одушевувањето на Ричард од домашната супа на Аби и уживањето на Аби во пишаните материјали на Ричард и неговите обиди да направи оригами. Како што минува зимската сезона и топлото, необично пријателство помеѓу Ричард и Аби се зацврстува, тие двајца почнуваат меѓу себе да ги споделуваат своите сништа и животни тешкотии. Со доаѓањето на пролетта, Ричард и Аби откриваат дека доаѓа време да ги остават имагинарните пријатели од минатото и да ја прифатат иднината како нов почеток, баш така како што некој би прифатил ново и уникатно пријателство.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!