Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кенет Брана води ѕвездена актерска екипа во оваа долгометражна продукција на најголемата трагедија на Вилијам Шекспир, приказната за данскиот принц Хамлет. Филмот беше номиниран за 4 Оскари.Кенет Брана води ѕвездена актерска екипа во оваа долгометражна продукција на најголемата трагедија на Вилијам Шекспир, приказната за данскиот принц Хамлет.
Хамлет (Брана) се враќа дома и дознава дека татко му, кралот, пред кратко време умрел, а мајка му, Гертруда (Џули Кристи) веќе се омажила за неговиот чичко, Клаудиј (Дерек Џејкоби). Младиот принц кој пати од шок и тага го посетува духот на татко му (Брајан Блест) кој тврди дека е убиен од Клаудиј, барајќи одмазда. Хамлет сега мора да одлучи дали оваа приказна раскажана од привидение е вистинита и дали треба да ја бара одмаздата која ја бара татко му, сфаќајќи дека неговите дејства може да ги уништат жената која ја сака, Офелија (Кејт Винслет), неговото семејство и кралството кое треба да го наследи.
Се емитува
23-05-2012 14:50
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!