Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Вон серијата се работи за комичните авантури на Фигаро, момче кое има цела азбука фобии. Без разлика дали се работи за страв од пајаци, зеленчуци, бради или вибрации, Фигаро ги има сите нив! ФИГАРО ФО – наградуваниот краток анимиран филм. Во режија на уметничкиот режисер на „Кошмар пред Божиќ“ на Тим Буртон и „Алиса во земјата на чудата“, „Фигаро Фо“ е филм за едно момче кое има цела азбука фобии. Без разлика дали се работи за страв од пајаци, телефони, зеленчуци, бради, па дури и страв од големиот стаорец, Фигаро ги има искусено сите фобии! Всушност, не би можеле да се сетиме на фобија која Фигаро ја нема.
Добитник на 3 награди „Кидскрин“ за 2010.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!