Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Една таинствена сила го обзема Џорџ (Џон Траволта) и му дава телекинетичка моќ и посебни ментални способности! Тоа е феномен кој почнува да го отуѓува од неговите пријатели, но може и да го доближи до жената што ја сака.Сите во малиот рурален калифорниски град го знаат Џорџ Мали (Џон Траволта) како добро момче, добар автомеханичар и верен пријател. Но, на својот 37-ми роденден, Џорџ почнува да се менува. Како резултат на еден необичен настан, навидум обичниот живот на Џорџ тргнува во една таинствена и чудна насока. Џорџ одеднаш добива голем апетит за учење и почнува да ја сфаќа убавината и интелигенцијата на универзумот. Пријателите на Џорџ, кои се сомневаат во новите моќи на Џорџ, почнуваат да се оддалечуваат од него. Но, со љубовта и поддршката од претпазливата, а сепак грижлива Лејс (Кира Седвик), Џорџ успева да ја види поголемата слика за неговото место во светот, како и да верува во неверојатниот тек на својот живот.
Се емитува
30-05-2012 08:45
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!