Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Г. Фокс и г-ѓа. Фокс живеат идиличен живот, но по дванаесет години тивок домашен живот, мирнотијата му досадува на животинските инстинкти на г. Фокс. Адаптација на омилениот детски роман на Роалд Дал.ФАНТАСТИЧНИОТ ЛИСЕЦ е првиот анимиран филм на режисерот Вес Андерсон, кој ги користи класичните аниматорски техники за да ја раскаже приказната на бестселер детската книга на Роалд Дал (автор на „Чарли“ и „Фабрика за чоколадо“ и „Џејмс и џиновската праска“). За филмот гласовите ги позајмија Џорџ Клуни, Мерил Стрип, Џејсон Шварцман, Бил Мари, Воли Володарски, Ерик Андерсон, Мајкл Гамбон, Вилем Дефо, Овен Вилсон и Џарвис Кукер.
Г. Фокс и г-ѓа Фокс (Клуни и Стип) живеат идиличен домашен живот со својот син Еш (Шварцман) и младиот внук кој им е на гости, Кристоферсон (Ерик Андерсон). Но, по дванаесет години тивок домашен живот се будат дивите животински инстинкти на г. Фокс. Наскоро, тој се навраќа на своите стари денови како итар крадец на пилиња и со тоа го загрозува не само своето сакано семејство, туку и целата животинска заедница. Заробени под земја, без доволно храна за да преживеат, животните се здружуваат за да се борат против злобните фармери – Богис, Бунс и Бин – кои се решени да го фатат храбриот, фантастичен г. Лисец, по секоја цена. На крајот, тој ги користи своите природни инстинкти за да го спаси своето семејство и пријатели.
Се емитува
26-05-2012 15:20
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!