Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Момче кое работи во инвестициски фонд и многу сака да се забавува, станува тренер на младинскиот фудбалски тим во соседството откако го откачува девојка му која е манекенка, а сите негови пријатели одлучуваат да продолжат со своите животи.Кога се работи за мотивација, Ник (Хју Денси) едноставно ја нема. Тој е задоволен да гледа како животот му минува додека се дружи со пријателите. Ник бара насока во животот откако сите што ги познава исчезнуваат. Ник можеби не знае ништо за тренерската работа, но кога се отвора можност во еден младински тим, тој се нафаќа на работата. Откако се спријателува со еден од младите, овој постар џаболебар се вљубува во убавата и млада докторка, Гејбриел, која покажува мало трпение за неговиот неодговорен животен стил. Набргу, работите тргнуваат во добра насока во животот на Ник, но неговата поранешна девојка се враќа и моли за прошка, па сé почнува да се распаѓа. Само кога Ник би можел да најде начин да ѝ покаже на Гејбриел дека навистина се променил, можеби таа ќе открие дека тој е момче што вреди да се задржи.
Се емитува
Прикажи ги сите
27-05-2012 11:40
27-05-2012 17:05
02-06-2012 14:50
13-06-2012 15:15
14-06-2012 08:20
29-06-2012 18:40
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!