Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Стивен Расел води навидум просечен живот. Тој е среќно оженет полицаец. Но, сето тоа трае додека тој не доживее сообраќајка која сосема ќе му го смени погледот врз животот. Сега тој е хомосексуалец и сака да го живее животот до даска...„Те сакам, Филип Морис“ е неверојатна, но вистинита приказна за патешествието на еден харизматичен измамник кој се трансформира од бизнисмен од мал град во софистициран криминалец кој постојано има проблеми со законот и постојано е во бегство. Тој неколку пати брилијантно бега од затворите во Тексас, сé во името на љубовта.
Стивен Расел (Џим Кери) води навидум просечен живот. Тој свири на органа во локалната црква, среќно е оженет за Деби (Лесли Ман) и е полицаец. Тоа трае сé додека не доживее сериозна сообраќајка која сосем му го променува погледот врз животот. Тој сега е хомосексуалец и има намера да го живее својот живот до даска, па дури и ако мора да го прекрши законот за тоа. Стивен, кој сега има екстравагантен животен стил, почнува да заработува за живот преку измами и на крајот завршува во затвор каде ја сретнува љубовта на својот живот, чувствителниот маж со мек глас, по име Филип Морис (Јуан Мекгрегор). Неговата посветеност да го ослободи Филип од затвор и да го изградат совршениот заеднички живот го тера да се обиде (а често и да успее) во серија невозможни измами. „Те сакам, Филип Морис“ е филм раскажан со голема смисла за хумор и многу душа и претставува чудна приказна за она што може да се случи кога ќе се судрат правниот систем, еден авантурист и љубовта.
Се емитува
Прикажи ги сите
31-05-2012 03:40
31-05-2012 22:20
10-06-2012 01:55
13-06-2012 04:20
21-06-2012 20:05
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!