Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Идниот татко, Питер, е присилен да оди на патување со Итан за да успее навреме да стигне за раѓањето на своето дете. На крајот, нивното патување се претвора во најужасното и најмачното патување во животот на Питер.Роберт Дауни Јуниор го игра Питер Хајман, кој ќе стане татко по прв пат, а терминот за пораѓање на неговата сопруга е за само неколку дена. Додека Питер ита да го фати летот за враќање дома во Лос Анџелес од Атланта за да биде покрај неа при пораѓањето, неговите најдобри намери тргнуваат во сосема лоша насока кога една случајна средба со еден потенцијален актер и магнет за катастрофи, Итан Трембли (Зак Галифианакис), доведува до тоа нив двајцата да ги исфрлат од авионот и да им дадат забрана за летање... додека багажот и паричникот на Питер се испраќаат во Лос Анџелес без него. Без друг избор, Питер е присилен да оди со Итан и неговиот пес на патување во кое ќе бидат уништени неколку автомобили, повеќе пријателства и последниот нерв на Питер.
Се емитува
Прикажи ги сите
27-05-2012 00:30
27-05-2012 20:25
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!