Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кога НБА ѕвездата Скот Мекнајт (Комон) доживува тешка повреда, строгата физиотерапевтка, Лесли Рајт (Квин Латифа) прави сè за тој да се врати во игра. Но, нивниот професионален однос набргу станува личен...Во филмот „Тамам“, Квин Латифа ја игра Лесли Рајт, строга и директна физиотерапевтка која ја добива најважната работа во својот живот, лечејќи ја НБА ѕвездата Скот Мекнајт (Комон). Сè е во ред додека Лесли не почне да се вљубува во Скот, што ја присилува да избере помеѓу работата на нејзиниот живот и револуцијата која се случува во нејзиното срце. Мекнајт ги игнорира нејзините романтични пориви и го привлекува прекрасната пријателка од детството на Лесли, Морган (Пола Патон) чија цел е да стане сопруга на НБА играч. Дали судбината на Лесли е засекогаш да биде во улогата на „најдобрата пријателка“ или Скот конечно ќе открие дека тоа што отсекогаш го сакал е тука, пред него?
Се емитува
Прикажи ги сите
23-05-2012 13:20
23-05-2012 17:30
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!