Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кога се повредува таткото-вдовец на единаесет годишната Кира, таа мора да ја напушти Австралија и покрај тоа што не сака за да живее со својот отуѓен дедо во неговиот распаднат сезонски забавен парк во Јужна Африка.
Единаесет годишната Кира (Бинди Ирвин) има голема љубов кон сите животни, со оглед на тоа дека е ќерка на еден вдовец кој е зоолошки ветеринар во Австралија. Но, кога татко ѝ е повреден и мора да биде хоспитализиран неколку месеци, Кира е присилена да живее кај нејзиниот отуѓен дедо, Гас (Бо Бриџес) во Јужна Африка. Кира не сака да го остави татко си, особено за да живее со дедото кого едвај го познава, во една туѓа земја. Кога пристигнува во Јужна Африка, Кира е уште повеќе разочарана кога открива дека Гас е сопственик на еден распаднат морски забавен парк, кој брзо ги губи неколкуте посетители поради сопственикот на конкурентскиот забавен парк, Ролф (Стефан Џенингс).
Бизнисот на Гас добива чудотворна помош кога една голема бура заробува едно бебе орка во неговата лагуна, претворајќи го неговиот парк во главна атракција во таа област. Орка китот кој расте и кому Кира му дава име Вили, има инхибирано чувство за еколокација - процес со кој китовите ловат и се движат низ океанот - што го прави неговото преживување во дивината невозможно. Но, Кира исто така сфаќа дека орка китот многу брзо ќе стане преголем за лагуната. Гас мисли дека неговиот единствен избор е да го продаде Вили на успешниот парк на Ролф, каде китот ќе биде безбеден... но, вечно ќе биде заробен.
Додека истекува времето кога Ролф би го зел китот, Кира мора не само да го најде семејството на Вили, туку и да најде начин да го научи младиот кит да преживее и да биде слободен на отвореното море.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!