Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Џон и Лара Бренан имаат идеален семеен живот, сè додека Лара не е обвинета и осудена за убиство за кое вели дека не го извршила. По одбивањето на нејзината последна жалба, Џон одлучува да организира бегство на жена му од затвор.Животот изгледа совршено за Џон Бренан, сè додека неговата сопруга, Лара не е уапсена за убиство за кое вели дека го нема извршено. По три години од нејзината пресуда, Џон се бори да го држи семејството заедно, одгледувајќи го нивниот син и предавајќи на колеџ, додека со сите средства се обидува да ја докаже нејзината невиност. Со одбивањето на нивната последна жалба, Лара добива самоубиствени нагони, а Џон решава дека постои само едно решение: да организира бегство од затвор за својата жена. Одбивајќи да биде обесхрабрен од малите шанси и неговото лично неискуство, Џон смислува сложен план за бегство и навлегува во опасен и непознат свет, на крајот ризикувајќи сè за жената која ја сака.
Се емитува
Прикажи ги сите
20-05-2012 01:30
30-05-2012 03:50
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!