Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Судир на световите се случува кога две афро-американски семејства од различно социо-економско потекло се собираат на лозјето на Марта еден викенд за да присуствуваат на свадба.Судир на световите се случува кога две афро-американски семејства со различно социо-економско потекло се собираат на лозјето на Марта еден викенд за да присуствуваат на свадбата на Сабрина и Џејсон. Но, сомнежите за нивниот иден брак почнуваат да се појавуваат кога тие се соочуваат со „тешките“ роднини, притисокот од пријателите и откривањето на валканите тајни.
Се емитува
Прикажи ги сите
24-05-2012 11:15
02-06-2012 07:25
17-06-2012 16:10
18-06-2012 07:45
28-06-2012 18:15
29-06-2012 10:00
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!