Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Четиримесечното палестинско момче, Мохамад Абу Мустафа е родено без систем за имунитет и ќе умре без пресадување на коскена срж. Операцијата може да се изведе само во израелска болница. Не постојат граници во трката да се спаси едно дете.Четиримесечното палестинско момче, Мохамад Абу Мустафа е родено без систем за имунитет и ќе умре без пресадување на коскена срж. Операцијата може да се изведе само во израелска болница. Очајничката молба од неговиот доктор, да се спаси животот на Мохамад, го поттикнува израелскиот новинар Шломи Елдар да ја документира оваа комплексна и емотивна приказна. Додека израелските и палестинските доктори ги надминуваат своите разлики за да го заштитат детето, ние сме присилени да се соочиме со сложената ситуација на ембаргото врз Газа.
Со помош од проминентниот израелски новинар, „Скапоцен живот“ ја бележи борбата на еден израелски педијатар и на една палестинска мајка за да обезбедат третман за нејзиното бебе кое пати од неизлечива генетска болест. Тие мораат да се соочат со своите длабоки предрасуди додека создаваат можност за пријателство во невозможна реалност.
Се емитува
Прикажи ги сите
23-05-2012 07:40
07-06-2012 21:40
19-06-2012 07:35
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!