Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Еден муслимански имигрант со Аспергеров синдром, кој живее во Сан Франциско, се вљубува и оформува семејство со една имигрантка која е од Хинду религијата. По 11 септември, семејството е жртва на насилство против Муслиманите...Ризван Кан е Муслиман од Индија. Тој се преселува во Сан Франциско и живее со својот брат и со својата снаа. Ризван кој има Аспергеров Синдром, се вљубува во Мандира. И покрај негодувањето од неговото семејство, тие се земаат и започнуваат мал заеднички бизнис. Тие се среќни сè до 11 септември, 2001 кога ставот кон Муслиманите нагло се менува. Кога доаѓа до трагедијата, Мандира се чувствува потиштено и тие се разделуваат. Ризван е збунет и вознемирен поради тоа што го остави љубовта на неговиот живот. За да ја врати, тој тргнува низ едно трогателно и инспиративно патување низ Америка. „Се викам Кан“ е приказна за победата на еден неконвенционален херој кој совладува пречки за да ја врати љубовта на својот живот.
Се емитува
25-05-2012 15:20
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!