Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Роберт Мелоун, 78 години, е сам целиот свој живот. На една недела пред Божиќ, една таинствена жена се преселува на улицата, спроти него, и го научува дека љубовта победува сe.СЕПАК, СЛАТКО е дело на целосна оригиналност кое ја води романсата по чуден пат - оставајќи ги и своите ликови и публиката да се запрашаат за вистинската природа на љубовта.
Кога наближува Божиќ, кој му предизвикува чувство на осаменост во животот и љубовта, Роберт Мелоун (добитникот на наградата на Академијата, Мартин Ландау) се пробива низ зимскиот снег за да пристигне дома од работата во продавницата, наоѓајќи непозната жена (добитничката на наградата на Академијата, Елен Бурстин) како стои во неговиот дом.
Она што започнува како чудна и необична средба, набргу се претвора во нешто што наликува на романтична љубовна афера во доцните години, која не носи на топло и прекрасно патување кое добива неочекувана насока.
Во филмот кој е вешто и чувствително режиран од страна на Ник Феклер играат и Елизабет Бенкс и Адам Скот, а има оригинална музика на Конор Оберст и песна оф Нејт Валкот и Мајк Могис од „Брајт Ајс“.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!