Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кери, Шарлот и Миранда сега се во брак, но сепак сакаат малку забава на сонце. Па, кога Саманта ги носи на патување во Абу Даби, тие се присетуваат каков бил животот пред да одлучат да се омажат...Забава, пријателство, мода: „Сексот и градот 2“ го враќа сето тоа кога Кери (Сара Џесика Паркер), Саманта (Ким Катрал), Шарлот (Кристин Дејвис) и Миранда (Синтија Никсон) повторно се во акција во „Големото јаболко“, па и подалеку, продолжувајќи со своите енергични животи и љубовни авантури во навистина блескаво продолжение.
Што се случува откако ќе се венчате? Животот е сè она што младите дами го посакуваат, но „Сексот и градот“ не би бил тоа што е доколку животот не крие уште неколку изненадувања во себе... Овојпат во форма на гламурозна, сончева авантура што ги води жените надвор од Њујорк, на едно од најлуксузните, најегзотичните и најживите места на планетата каде зад секој агол се крие по нешто мистериозно. Тоа е бегство кое пристигнува во вистинскиот миг за четирите пријателки кои се наоѓаат во традиционалните улоги на бракот и мајчинството, но и се борат против тоа.
Сепак, понекогаш е потребно да се избега со девојките.
Се емитува
Прикажи ги сите
21-05-2012 21:05
07-06-2012 02:35
07-06-2012 22:00
12-06-2012 00:45
12-06-2012 20:25
30-06-2012 02:05
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!