Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Ова е приказна за едно семејство од средната класа, кое добива престој во апартман на еден луксузен хотел и мора да се бори со еден познат фотограф кој се преправа дека го има резервирано истиот апартман.Џули (Кристијана Рили) сама ги одгледува своите две деца. Нејзината иднина не е баш светла: таа не може да најде работа, а извршителите се закануваат дека ќе ѝ го одземат станот. Па, кога добива целосно платен еднонеделен одмор во луксузен хотел, таа е сигурна дека среќата почнува да ѝ се насмевнува!
Но, тогаш доаѓа Лорент Розие (Ричард Бери), арогантен и претенциозен моден фотограф кој тврди дека го има резервирано кралскиот апартман кој го доби Џули и е решен да ја избрка од него. Таа не се предава, а тој конечно се согласува да го дели НЕГОВИОТ апартман со Џули и нејзините деца, со цел да ги обесхрабри и да се ослободи од нив: тој има намера да го претвори нивниот одмор во кошмар. Џули го возвраќа ударот, па тоа ескалира и се претвора во отворена битка сѐ додека Џули не го наоѓа Лорент како виси од лустерот на апартманот! Дали е можно да претерала?
Џули открива дека Олга (Таша де Васконселоз), манекенката која Лорент ја сака и со која треба да работи следниот ден, тукушто го има откачено. Лорент е во очај. Тој ја моли Џули да му помогне повторно да ја освои Олга. Џули се согласува и го обучува Лорент. Таа почнува да се приврзува кон овој одеднаш посимпатичен Лорент...
Можно ли е Џули да се вљубува во Лорент?
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!