Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Приказните се преплетуваат, се судираат и се враќаат во оваа романса. Има предложување брак. Цвеќиња кои не се испратени. Голема тајна која конечно е кажана. Борби, бакнежи, погрешни насоки, правилни потези и многу други работи.„Свети Валентин“. Пристигнува секоја година без разлика дали ни се допаѓа или не. Тоа е денот кога нашите љубовни животи се изложени пред јавноста. Секогаш постои шанса за романса или катастрофа. Може да биде збунувачко, сложено, но на крајот, се работи само за љубовта. Џулија Робертс, Ештон Качер, Џенифер Гарнер, Бредли Купер, Џесика Биел, Патрик Демпси, Ен Хатавеј, Џејми Фокс, Џеиска Алба, Ерик Дејн, Ширли Меклејн, Тофер Грејс, Квин Латифа и други ѕвезди... Неверојатна екипа ѕвезди игра во оваа романтична комедија во која се работи за пет врски во Лос Анџелес -- и сите се вкрстуваат за време на еден романтичен одмор. Генијот на комедиите кој е номиниран за наградата „Еми“, Гери Маршал („Убава жена“, „Невестата бегалка“) е режисер на оваа комедија за врските од тимот сценаристи на „Тој едноставно не е заинтересиран за тебе“ и на „Никогаш бакната“. Прославете еден ден полн со љубов.
Се емитува
Прикажи ги сите
22-05-2012 01:55
22-05-2012 20:30
30-05-2012 13:00
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!