Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Друштвениот живот на Џон тапка во место, а неговата бивша сопруга повторно ќе се мажи, но овој несреќен разведен тип конечно ја запознава жената на своите сништа, но открива дека таа има и друг маж во животот... нејзиниот син.Џон (Џон Ц. Рајли) кој уште е сам, седум години по неговиот развод се откажал од надежта за романса. Но, на сечие изненадување, тој успева да ја запознае убавата и жива Моли (Мариса Томеи) на една забава. Помеѓу нив веднаш се создава хемија, но Моли не сака да ја носи нивната врска подалеку од куќата на Џон. Џон ја следи до дома и го открива другиот маж во животот на Моли: нејзиниот син, Сајрус (Џона Хил). Сајрус е најдобар пријател на мајка си и би сторил сè за да ја заштити Моли и воопшто не е подготвен да ја дели со кого било. Наскоро, тие двајцата почнуваат да се надмудруваат за љубовта на жената која ја сакаат - а само еден маж може да преживее кога сето тоа ќе заврши!
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!