Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кога девојката на Сем му раскинува, тој се депримира. За работите да се вратат во нормала, неговиот чуден брат, Симон, кој се бори со својот Аспергеров синдром, решава да почне да бара нова, совршена девојка за Сем.„Јас сум Симон. Имам Аспергеров синдром. Ја сакам вселената, ги сакам круговите и го сакам брат ми, Сем, кој секогаш се грижи за мене. Не сакам чувства, не ги сакам другите луѓе, промените и романтичните комедии со Хју Грант“.
Така започнува „Само Симон“ трогателната и урнебесна комедија од шведскиот режисер, Андреас Оман, која беше номинирана за Оскар за најдобар странски филм. Тоа е приказна за 18 годишниот Симон, момче со Аспергеров синдром, чиј живот е доведен во хаос кога брат му Сем раскинува со својата девојка. За да му функционира животот, на Симон му треба структура. Нему му треба да следи определена шема - со истиот распоред, истите оброци, истата облека, секоја недела. Сем отсекогаш се грижел за Симон. Му правел храна во облик на кругови и му помагал да ги разбере луѓето. Но, кога Сем се депримира поради раскинувањето со својата девојка, сѐ се менува и светот на Симон се претвора во хаос. Сакајќи работите да се вратат во нормала, Симон си задава една мисија – да му најде нова девојка на Сем. За жал, Симон не знае ништо за љубовта и не ги разбира чувствата – но, тој има научно беспрекорен план.
Балансирајќи помеѓу хуморот и сериозноста, филмот ни го прикажува светот од гледната точка на Симон. Бил Скарсгард (братот на ѕвездата на „Вистинска крв“, Александар и син на Стелан) го потврдува семејниот талент за актерство во улогата на комплексниот Симон.
Се емитува
26-05-2012 07:40
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!