Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
По години излегување, Зои (Џенифер Лопез) одлучува дека чекањето на вистинскиот трае предолго. Одлучена да стане мајка, таа кова план и одлучува тоа да го стори сама. Тој ден, Зои го сретнува Стен (Алекс Олохлин) - маж со реални можности.
„Резервен план“ е комедија која ги истражува излегувањето на состаноци, љубовта, бракот и семејството „по обратен редослед“. По повеќе години излегување, Зои (Џенифер Лопез) одлучува дека предолго го чека вистинскиот. Решена да стане мајка, таа кова план и одлучува да го стори тоа сама. На истиот ден, Зои го сретнува Стен (Алекс Олохлин), маж до реални можности.
Во обид да изгради стабилна врска и да ги скрие раните знаци на бременост, ова станува комедија на грешки за Зои и создава збунувачки сигнали за Стен. Кога Зои нервозно ја открива причината за своето непредвидливо однесување, Стен ја потврдува својата посветеност. Никогаш порано љубовта нема видено додворување со див секс во кој се вклучени тројца во креветот - Стен, Зои и неизбежното ” огромно перниче за трудници. Или пак „состанок“ кој се состои од присуство на пораѓање во вода на некој кој е речиси непознат, што прдизвикува чувство слично на она на пливачите во филмот „Ајкула“. Вистинскиот тест за бременост пристигнува кога и двајцата сфаќаат дека навистина не се познаваат еден со друг, надвор од хормоналниот хаос и подготовките за пораѓање. Деветте месеци полека истекуваат, а двајцата стануваат нервозни. Секој може да се вљуби, да стапи во брак и да има бебе, но да се прави тоа наназад може да биде доказ дека тие двајца се создадени еден за друг.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!