Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кога еден јамајкански спринтер е дисквалификуван од Олимпијадата, тој смислува начин да учествува во натпреварите по санкање. Тој го среќава посрамотениот тренер, Ирвинг Блицер и го убедува да го тренира првиот јамајкански тим во санкање.Оваа комична сага се заснова на вистинитата приказна за четворицата јамајкански спортисти кои преземаат екстремни напори за да се натпреваруваат во натпреварите со санки на зимската Олимпијада. Со малку ресурси и речиси без никакво искуство во зимските спортови, оваа дружина патува од тропските предели и се лизга по тенок мраз додека се надева на злато во Калгари, Канада. Овие четворица Јамајчани кои одбиваат што било да им пречи на патот, ја бараат помошта од посрамотениот поранешен американски шампион во санкање, Ирв. Но, штом се ангажира, тој е решен да ги трансформира и да ги коригира грешките од сопствената пропадната кариера. Патувањето е полно со пречки, но и со гордост, решителност и достоинство, а возачите на санки ги остваруваат своите невозможни соништа.
Се емитува
Прикажи ги сите
24-05-2012 06:00
01-06-2012 22:15
13-06-2012 16:25
21-06-2012 17:55
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!