Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Големата фантазија, безграничната енергија и авантурите на младата Рамона предизвикуваат немир кај сите што ги запознава. Но, нејзиното немирно чувство за забава и бељи добро се наоѓа кога таа сака да го спаси домот на своето семејство.Во филмот „Рамона и Бизус“ кој е адаптација на популарната серија книги од Беверли Клири, игра новата актерка Џои Кинг во улогата на Рамона Квимби, ученичка со голема фантазија. Нејзината фантазија е толку голема што таа често се расправа со својата строга учителка (Сандра Оу). Кога веселиот татко (Џон Корбет) на Рамона ја губи својата работа, семејството, вклучително и нејзината сестра-тинејџерка, Бизус (Селена Гомес) и нивната практична мајка (Бриџит Мојнан) мораат да извршат големо прилагодување, на пример тато треба да научи да работи по дома. Рамона осмислува план за заработување пари за да се спаси нивната куќа, но бидејќи сите во семејството се премногу зафатени за да ѝ помогнат со проблемите, таа се обраќа кај единствената личност која секогаш има време за неа, тета Беа (Џинифер Гудвин). Но, дури и тета Беа е зафатена деновиве, бидејќи нејзиното бившо момче и сосед на семејството Квимби, Хобарт (Џош Дуамел) се обидува да ја врати Беа кај себе.
Се емитува
25-05-2012 15:45
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!