Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Еден претприемач ангажира двајца свои другари за да му помогнат да ја реализира и рекламира својата идеја за појас на ракетен погон. Тие собираат пари и почнуваат со работа. Но, штом успехот им се насмевнува, нивната соработка се менува...Куртис Прентис е човек кој не го бива многу за наука, а не знае ни како да направи нешто да функционира, но тој е многу талентиран за една работа: зборување. Бидејќи ги има финесите на особено вешт продавач на коли, Прентис успева да го натера својот пријател, Кени кој е продавач на душеци, да го финансира неговиот најнов сон: ракетен појас, што претставува еден вид ретроградна верзија на ранецот на ракетен погон. Но, на Прентис не му требаат само пари, туку и некој кој ќе знае тоа да го направи. Затоа тука е Рик Ханикат, неодамна отпуштен аеронаутички инженер кој бара работа каде неговото знаење нема да биде потценувано од алчноста на бирократите. Најпрвин, врската помеѓу Прентис и Ханикат е лабава, па станува продуктивна и на крајот е напната бидејќи нивните две визии за иднината меѓусебно се поништуваат, па нивната лична желба за слава и признание ги тера да навлегуваат во сè поочајни ситуации.
Се емитува
Прикажи ги сите
10-06-2012 03:35
10-06-2012 20:25
21-06-2012 03:00
21-06-2012 22:30
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!