Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Еден млад човек од Источна Германија патува во Сан Франциско во потрага по својот татко, кој имаГерманија во 1989. Ѕидот тукушто се урна, Дејвид Хаселхоф пее кај Бранденбуршката капија и целиот Берлин е возбуден. Во овој период, Вејт и другар му, Том планираат патување во Америка за да го најдат таткото на Вејт, кој има избегано во Западна Германија кога тој имал 12 години. Единствената трага од неговиот татко е годишната роденденска картичка која ја добива од Сан Франциско.
И токму таму тие сакаат да одат. Едвај со по некој збор англиски и без пари, нивната прва станица е Њујорк. На патот до Сан Франциско, што е едно лудо патешествие полно со диви банди моторџии, прекрасни девојки и егзотични Руски танчарки, нивното пријателство е ставено на тест.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!