Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
18-годишната Маја сонува да стане актерка. Таа сака да биде центар на вниманието за сите да ја видат прекрасната личност која ја има во себе. Но, тоа е малку тешко да се види бидејќи Маја е дебела, тромава и не е општествено прилагодена.Во еден безнадежно мал град во долгата и тесна Шведска живее 18-годишната Маја. Нејзиниот животен сон е да стане актерка.
Таа сака да биде центар на вниманието и сите да ја гледаат и да ја видат убавината во нејзината душа. Но, тоа е малку тешко да се види. Таа е дебела, тромава и не е општествено прилагодена. Маја се бори да го оствари својот животен сон во последната година од средното училиште. Нејзиниот пат до успехот е преполн со комедија и трагедија бидејќи таа се соочува со предрасудите кои луѓето околу неа ги имаат кон лицата со „погрешниот“ изглед. И покрај тоа, таа се бори и се обидува да најде сила и самодоверба кои се потребни за да стане центар на вниманието на начин на кој таа самата сака.
Се емитува
Прикажи ги сите
20-05-2012 06:00
02-06-2012 14:05
19-06-2012 16:30
22-06-2012 13:20
27-06-2012 11:15
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!