Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
„Пиксар“ се враќа на нивниот прв успех со „Приказна за играчките 3“. Филмот почнува со тоа што Енди оди на колеџ и ги донира своите сакани играчки -- вклучително и Вуди и Баз -- на една градинка. . Филмот е во режија на Ли Ункрич.
„Приказна за играчките 3’“ ги носи Вуди (гласот на Том Хенкс), Баз (гласот на Тим Ален) и целата дружина, назад на големите екрани, додека Енди се подготвува да оди на колеџ, а неговите верни играчки се испратени во... една градинка! Овие нескротени дечиња со своите лепливи прстиња, не играат фер, па работата се претвора во „сите за еден и еден за сите“, додека се коваат плановите за големото бегство. Неколку нови лица – неколку од пластика, неколку од плиш – се придржуваат на авантурата, заедно со славниот ерген и пандан на Барби, Кен (гласот на Мајкл Китон), театралниот еж по име г. Приклпентс (гласот на Тимоти Далтон) и розовото мече со мирис на јагоди, по име Мечето Лотсохагинг (гласот на Нед Бити). Во режија на Ли Ункрич (ко-режисер на „Приказна за играчките 2“ и „Наоѓајќи го Немо“).
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!