Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Во ПРЕХРАНА АД, Роберт Кенер ја прикажува прехранбената индустрија, откривајќи ја механизацијата која е скриена од потрошувачите со согласност од владата. Документарецот открива изненадувачки, а често пати и шокантни вистини. Колку навистина знаеме за храната која ја купуваме во нашите локални супермаркети и ја служиме на нашите семејства?
Во „Прехрана АД“, режисерот Роберт Кенер ја прикажува прехранбената индустрија на нацијата, откривајќи ја механизацијата која е скриена од американскиот потрошувач со согласност од регулаторните агенции на нашата влада, УСДА и ФДА. Снабдувањето со храна на нашата нација сега е контролирано од неколку корпорации на кои честопати профитот им е поважен од здравјето на потрошувачите, животите на американските фармери, безбедноста на вработените, па дури и на нашата животна средина. Имаме поголеми пилешки гради, совршени свински кременадли, семиња за соја кои се отпорни на хербициди, па дури и домати кои не се расипуваат, но исто така имаме и нови нишки на Е. Коли - штетната бактерија која предизвикува болест за приближно 73.000 Американци на годишно ниво. Нападнати сме од широко распространета прекумерна тежина, особено кај децата и од епидемиски нивоа на дијабетес кај возрасните.
Во документарецот има интервјуа со експерти како Ерик Шлосер („Нација на брза храна“, Мајкл Полан („Дилемата на сештојадите“, „Во одбрана на храната: манифест на јадачите“) заедно со општествените претприемачи со напредни идеи, како Гери Хиршберг од „Стонифилд“ и Џоел Салатин од „Полифејс Фармс“. „Прехрана АД“ открива изненадувачки – а честопати и шокантни вистини – за она што го јадеме, како е тоа произведено, каква нација имаме станато и каде ќе одиме од тука.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!