Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Пречесниот Котон Маркус кани филмска екипа за да ги документира неговите последни денови како егзорцист. Наскоро неговата вера ќе биде ставена на тест кога очајничката молба од таткото на една опседната девојка ќе го соочи со самиот ѓавол. Кога пристигнува во руралната фарма на Луис Свитзер во Луизијана, пречесниот Котон Маркус очекува да изврши уште еден рутински „егзорцизам“ врз еден вознемирен верски фанатик. Свитзер кој е верски фундаменталист, го контактира харизматичниот проповедник како последна шанса за спас, сигурен дека неговата ќерка-тинејџерка, Нел, е опседната од демон кој мора да биде протеран пред сето тоа да заврши со незамислива трагедија. Чувствувајќи грижа на совест поради годините минати во земање пари од очајните верници, Котон и неговата екипа планираат да снимат исповеднички документарец за овој последен егзорцизам. По пристигнувањето на семејната фарма која веќе е натопена со крв, станува јасно дека ништо не можело да го подготви за вистинското зло кое ќе го сретне таму. Сега е предоцна за враќање и сопствената верба на пречесниот Маркус е целосно доведена во прашање кога тој и екипата мораат да најдат начин да ја спасат Нел, а и себеси, пред да стане премногу доцна.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!