Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
„Пораснати“ е комедија за пет пријатели и поранешни соиграчи кои повторно се сретнуваат по повеќе години за да му оддадат почит на нивниот кошаркарски тренер од детството. Заедно со своите жени и деца, тие заедно го минуваат празникот.Триесет години по матурирањето во средно училиште, петмина поранешни кошаркарски соиграчи се собираат во една куќа крај езеро, каде ја слават својата најголема победа, жалењето на смртта на нивниот покоен тренер. Во текот на викендот за 4 јули, петмина пријатели сфаќаат дека иако се пораснати и имаат свои семејства, не значи дека ја имаат изгубено старата страст. Зрелото доба е онакво какво што ќе го направиме, а никој во куќата крај езерото не е подготвен да биде возрасниот во дружината. Адам Сендлер, Крис Рок, Кевин Џејмс, Дејвид Спејд и Роб Шнајдер играат во филмот по сценарио на Селндлер и Фред Вулф, а во режија на Денис Дуган („Ве прогласувам за Чак и Лери“, „Не играј си со Зохан“). Во другите улоги се Марија Бело, Селма Хаек и Маја Рудолф.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!