Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Кога една млада американка патува во Верона, домот на Јулија Капулети од приказната за Ромео и Јулија, таа се придружува на една група доброволци кои испраќаат писма до Јулија, барајќи совети за љубовта.Едноставната идеја за романтичната љубов може да ги натера луѓето да ја испитаат нејзината одржливост, разумност, како и храброста која е потребна за да не се игра на сигурно и да се промени сопствениот живот.
Тоа е идејата на романтичната комедија, „Писма до Јулија“, со Аманда Сејфилд („Мама миа“, Ванеса Редгрејв (шест пати номинирана за награда на Академијата и добитник за „Јулија“’), Кристофер Еган („Ерагон“), Гаел Гарсија Бернал („Дневникот на еден моторџија“) и Франко Неро („Умри машки 2“) во улогите. Филмот е во режија на Гери Виник („Мрежата на Шарлот“, „13 оди на 30“) и во продукција на Марк Кантон, Елен Баркин и Керолин Каплан. Сценариото е на Хозе Ривера (номинираниот за наградата на академијата за „Дневникот на еден моторџија“) и Тим Саливан. Рон Шмит е извршен продуцент.
Сејфилд ја игра Софи Хал, новинарка во едно списание, која заедно со нејзиното момче, Виктор (Бернал) лета од Њујорк во Италија за романса која ѝ е многу потребна. Додека Виктор се грижи за своите деловни обврски, Софија се наоѓа во познатиот двор на Јулија Капулети од „Ромео и Јулија“ во Верона, каде жените од целиот свет оставаат писма за изгубена љубов и за љубов за која се надеваат. Таа открива едно писмо старо 50 години, кое Клер Смит (Редгрејв) ѝ го напишала на Јулија, барајќи еден млад Италијанец кој бил вљубен во неа кога била тинејџерка.
На изненадување на Софи, писмото ја инспирира Клер, која сега е старица, да допатува во Верона, барајќи ја својата изгубена љубов (Неро). Придружувана од својот внук, Чарли (Еган), тројцата бараат низ цела Тоскана и откриваат дека храброста која е потребна за сите тие да се справат со љубовта, не е лесна за освојување.
Но, поттикот да влезе во оваа авантура, според нејзиното мислење е унапредувањето на нејзината кариера. Софи претчувствува дека ова може да биде приказна која ќе ѝ ја унапреди кариерата. Што почнува да ѝ помага на Клер, таа открива дека ја бара нејзината приказна само за да избега од приказните на нејзиниот сопствен живот.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!