Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
За Марни, средното училиште било хорор, а свадбата на брат ѝ претставува продолжение кога нејзината соперничка се враќа да ја прогонува во улога на негова невеста.„Пак ти“ е филм со многу смеење и чиста забава со ѕвездена екипа од актери и комичари во која се Кристен Бел, Џејми Ли Кертис, Сигурни Вивер и секогаш урнебесната Бети Вајт.
Во своите тинејџерски години, Марни била малку чудна. Денес, таа е успешна жена со кариера, но сеќавањата на малтретирањата од популарната мажоретка, Џоана, уште ѝ предизвикуваат морници. Летајќи дома за свадбата на својот брат, Вил, Марни во ужас дознава дека наскоро ќе ѝ биде јатрва на злобната девојка која порано ја понижувала пред сите ученици. А очигледно е дека нејзината соперничка учела од најдобрите, бидејќи во времето кога мајката на Марни била средношколка, тетката на Џоана го практикувала истиот третман. Сега, кога ќе станат семејство, Марни и нејзината мајка прават сé што можат за минатото да остане минато. Но, старите кавги тешко умираат и додека да почне свадбата, овие стари непријатели веќе ќе создадат неколку интересни приказни за раскажување на внуците.
Се емитува
Прикажи ги сите
19-05-2012 20:15
06-06-2012 09:45
14-06-2012 14:30
15-06-2012 06:00
23-06-2012 18:20
Уредувач на потсетници
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!