Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Наместо водечката улога за продукцијата на „Ројал Шекспир“ во Стратфорд на Ејвон, Џејсон Стил, кој е стар холивудски акционен херој, се обврзува да го глуми кралот Лир за еден аматерски театар во Стратфорд Сент Џон во Сафолк.„Обични аматери“ ја раскажува приказната за еден стар акционен херој кој е очаен за тоа на британската сцена да ја оживее својата пропадната кариера. Во филмот игра ценета актерска екипа во која се номинираната за наградата на Академијата, Имелда Стонтон, повеќекратно наградуваната ѕвезда на театарот, екраните и телевизијата, Сер Дерек Џејкоби, како и Саманта Бонд.
Џеферсон Стил (Берт Рејнолдс) е стар холивудски акционен херој. Тој е суетен, несигурен во себе и нема работа. Под притисок од својот клиент, некомпетентниот агент на Џеферсон од Лос Анџелес е присилен да ископа нешто и да најде работа за Џеферсон, па ја наоѓа совршената улога: да го игра кралот Лир во Стратфорд на Ејвон. Џеферсон верува дека ја добива улогата на својот живот; при пристигнувањето во Обединетото Кралство, тој открива дека наместо водечката улога во продукција на „Ројал Шекспир Компани“ во Стратфорд на Ејвон, нему му било средено да ги дели театарските штици со една аматерска драмска трупа во едно провинциско англиско село, Стратфорд Сент Џон, Сафолк. Настанува судир на култури со комични компликации во оваа смешна и трогателна комедија.
Се емитува
22-05-2012 15:30
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!