Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Имагинативна биографска хроника за животот на Мерлин Монро, вклучувајќи ги годините пред да го смени своето име од Норма Џин Бејкер и да се трансформира во телевизиска личност која стана легендарен секс симбол.Повеќе од 40 години се поминати од смртта на Мерлин Монро. Таа е најпровокативната женска легенда на дваесеттиот век и останува дефинитивна холивудска икона. Иако русокосата „бомба“ со прекрасен глас на мало девојче беше голем финансиски успех, богатството и славата не ја задоволија Мерлин. Љубовта ја избегнуваше, лудилото надвиснуваше над неа, а минатото ја прогонуваше. Ова е приказната за жената по име Норма Џин, која се трансформирала себеси во легендарната Мерлин Монро, но не можела да се ослободи од бесот, очајот и несигурноста на осамената, исплашена мала девојка која бара љубов и внимание.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!