Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Основното училиште „Џералдин Фераро“ се наоѓа на работ на колапсот: најниски резултати на тестовите во државата, професори кои или се пијани или имаат секс во училиштето и директор кој изнудува пари од родителите.Добредојдовте во основното училиште „Џералдин Фереро“, каде професорите се пијани, мрзеливи или психопати, каде секое дете е занемарено, а преоптоварениот заменик директор, Том Виломан (Џејсон Бигс) едвај издржува. Но, кога згодната реонска инспекторка, Ребека Сибрук (Ева Лонгорија Паркер од ОЧАЈНИ ДОМАЌИНКИ) пристигнува за да го затвори училиштето, таа и Том скројуваат план за да ги преземат училниците од ненормално корумпираниот директор Билингс (Роб Кордри од ДНЕВНОТО ШОУ). Која трагедија од минатото на Вилоумен го има претворено во целосен слабак? Кога дози Никвил и боксерски мечови се сметаат за соодветни образовни мерки? Колку штета може да биде нанесена од страна на изнервирани второодделенци? Моника Потер (БОСТОНСКИ АДВОКАТИ) и Вил Сасо (ЛУДО ТВ) играат заедно во оваа изопачена комедија за опасностите во јавното образование и за високите дострели на НИЖОТО ОБРАЗОВАНИЕ.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!