Артур се потпира врз своето богатство и мудроста на својата дадилка за да не влезе во неволи, но сега се соочува со најголемиот предизвик во животот. Тој треба да избере помеѓу својот раскошен живот и единствената жена што ја сака.
Режисерката Хавана Маркинг се враќа во Авганистан поради злогласната Сетара, учесничка на популарното шоу за таленти „Авганистанска ѕвезда“. Филмот прикажува каде е Сетара и како влијаеше нејзиниот контроверзен настап врз нејзиниот живот.
Згодниот и шармантен фармацевтски претставник Џејми се вљубува во веселата Меги која е жена со слободен дух. Иако и двајцата мислеа дека никогаш нема да се вљубат, заедно откриваат дека хемијата помеѓу нив е помоќна од која било дрога.
Комплексен и искрен портрет на едно од најинтригантните и најзлогласни династички семејства. Џереми Ајронс се враќа во улогата на итриот патријарх на семејството Борџија, кој станува папа Александар VI.
Рејчел е несреќна и сама, додека нејзината најдобра пријателка Дарси, која е свршена, постојано ја потсетува на тоа. Но, по неколку пијалаци, добрата девојка Рејчел неочекувано завршува во кревет со Декс, кој е свршеникот на Дарси...
Еден демонски дух ја обзема младата Кејси и им се заканува на сите што таа ги сака. Тероризираната жена мора да се обрати на духовниот советник, рабинот Сендак за да ја затвори вратата помеѓу нашиот свет и светот на „Неродениот“. Понекогаш душата на мртвата личност е толку многу извалкана со злоба, што нејзе не ѝ се дозволува влез во задгробниот живот. Таа мора бескрајно да талка на границите помеѓу двата света, очајно барајќи ново тело за да се насели. А понекогаш тоа ѝ успева...
Кејси Белдон ја мразеше својата мајка поради тоа што ја оставила како дете. Но, кога почнуваат да се случуваат необјасниви настани, Кејси почнува да разбира зошто таа си заминала. Нејзе ја мачат тешки сништа, а еден измачен дух ја опседнува кога е будна и таа мора да се обрати на единствената личност која може тоа да го сопре, рабинот Сендак. Со помошта на Сендак, на нејзината најдобра пријателка, Роми и на момчето, Марк, Кејси го открива изворот на семејното проклетство кое потекнува уште од времето на нацистичка Германија. Тоа е суштество кое има способност да живее во секого, а со секое ново опседнување, тоа станува сè посилно. Кога проклетството се ослободува, нејзина единствена шанса да преживее е да ја затвори вратата од другиот свет. Таа врата ја отворил некој кој никогаш не бил роден.
Се емитува
Во моментов не е во распоредот
Споделете
Коментари Потребна е Најава или Регистрација за да коментирате!